(ВИДЕО) Сугарески: Законот за реформи во медиумите да биде усвоен и имплементиран пред избори

0
970

Sugareski1-685x320„СДСМ го поддржува предлог Законот за реформи во медиумите поднесен од страна на новинарските здруженија.

Затоа, денеска, пратеничката група на СДСМ и коалиционите партенери поднесуваме Предлог – закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во скратена постапка со барање за одржување на итна седница на Собранието на Република Македонија.

Не само усвојувањето туку, и потенцирам, имплементацијата на овој Закон е исклучително важна и нужна“, рече Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието на РМ.

„За да има услови за фер и демократски избори мора да бидат избрани и конституирани новите членови Советот на АВМУ и Советот на МРТВ.

Законот треба да биде усвоен, веднаш целосно имплементиран и да важи за предвремените парламентарни избори.

Предлогот на новинарските здруженија е во насока на предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите што СДСМ принципиелно го поддржува.

Реформите во медиумите за професионално, навремено и вистинито информирање на граѓаните се клучна заложба на СДСМ и еден од условите за фер и демократски избори.

На секој граѓанин му е јасно, без регулација на медиумите и без прочистен избирачки список нема да има фер и демократски избори“, изјави Сугарески.