(ВИДЕО) Сто милиони денари инвестициони активности во општина Струмица

0
1316

12178283_10206118686903917_84820821_n-640x320

Се обновува асфалтот на улиците во градот и населените места, на игралиштата во училиштата, се изведуваат водоводни, фекални и атмосферски мрежи, се чистат и каналските мрежа, ова се само дел од активностите кои во моментот ги реализира општина Струмица.

Според градоначалникот, Зоран Заев, овие инвестициони активности значат голема реализација на програмата и буџетот на општина Струмица за 2015 година. Тој ги повика граѓаните, преку урбаните заедници во градот и месните заедници во населените места, да ги достават своите предлози и потреби за тоа што почна подготовката и на буџетот за 2016 година.

– Во тек се инвестициони активности во вредност од околу 100 милиони денари. Се изведуваат фекални, атмосферски и водоводни мрежи во областа на старата касарна каде што се гради голема комунална инфраструктура заради објектите кои се градат таму. Околу 70 милиони денари имаме реализација на улици и тротоари, секако, во касарната, во градот реализирани се улиците „Братство Единство“, „Браќа Миладинови“, „Герас Цунев“, очекуваме овие денови да продолжи реализацијата на „Ристоман Попчевски“, „Ѓорѓи Трајков“ и неколку други улици во градот. Почнуваме со реализација на улиците во населените места, во 15 села ќе се реализираат од една до пет улици до крајот на месец ноември, а кое што ќе претставува и едно големо реализирање на програмата и буџетот за оваа 2015 година. Покрај овие активности, се врши и прочистување на каналските мрежи во населените места и во градот, но градиме и игралишта и детски и асфалтни во состав на училиштата, завршено е игралиштето во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица, овие денови очекуваме да се стави втор слој на игралиштето во основното училиште во Дабиле. Така да комплетната реализација на буџетот, согласно динамиката која што ја следиме во моментот и оваа година би била над 90 проценти, со што можам да изразам едно задоволство од оперативните служби кои што работат за општина Струмица, како и административните служби. Почна и подготовката на буџетот за 2016 година, ја користам приликата да ги повикам граѓаните преку урбаните заедници во градот и месните заедници да ги достават своите предлози и потреби заради тоа што до 15 ноември треба да ги добиеме комплетните дописи од урбаните и месните заедници, секако тука се и буџетските форуми кои што ги отвораме во текот на месец ноември со кои што ќе привршуваме со донесувањето на буџетот за 2016 година, рече градоначалникот Заев.