(ВИДЕО) Сточар од село Ротино: 60.000 евра инвестиција ми пропадна, не се исплатеше и ги продадов кравите

0
1443

Состојбата во сточарското производство е поразителна. Намален добиточен фонд, намалено млекопроизводство и сиромашни сточари. Таквo е и искуството на Никола Костовски од битолското село Ротино кој инвестирал во фарма со крави но поради неисплатливоста на производството, ја затворил фармата:

-Во село Ротино се занимаваме со земјоделство. 1996 година почнав со две крави, а ги направив 25 грла. Но дојде сточната храна да бидe 20 денари а млекото да бидe 12 денари. Прост човек, дури и мало дете да прашаш знае математика да направи дека не е исплатливо со 12 денари млеко да работиш. Некои луѓе доаѓаа и викаа, јас како што ќе речам, млекото така ќе бидe; не како што ние ќе речиме и каков квалитет имаме.
Значи нема ни закон, ниту пак јас гледав перспектива. Ќе дојдеа двајца, тројца, луѓе од млекарата, викаа јас како што ќе речам така ќе биди платено млекото. А не лажат субвенции ќе дадеме… Не треба тие субвенции да дадат, треба да ми го откупи млекото на цена. На пример 20 денари или 25 денари за да ми се исплати мене. Тој ќе ми земе од моите пари за да ми даде субвенции мене, а дали ќе ги земам субвенциите?

И затоа решив да ги продадам кравите и сега немам ништо. Дадов 60 000 евра инвестиција и тоа се ми пропадна. Немаше пласман на млекото, рестрикции, ќе имав 200 килограми млеко, а ќе ми оtкупуваа само 60 килограми, на останатото немаше што да му правам, и затоа решив да не работам. А инвестирав, направив штала 100 квадрати, внатре се модерно; купив машини, купив трактори, сето тоа со мои лични пари. И таа инвестиција мене ми пропадна. Сега почнувам се наново.

Извор: Бриф