(ВИДЕО) Сточар од Делчево тврди дека државата му должи над 40.000 евра

0
1069

Му прецрни на најголемиот сточар во Делчево, Слободан Богдановски, од долгот кој го има државата спрема него. Па, тој јавно обвини дека државата му должи 40 илјади евра за субвениции, неисплатени штети од поплавите, за инвестицијата во земјоделска механизација и за болеста јазлеста кожа и за уништените крави проценети на 220 илјади денари, пренесува ТВ Стар.

-До денес немам добиено ниту еден денар, кажа Слободан Богдановски, земјоделец.

Овој човек заедно со неговото семејство, живее од земјоделието, а овој однос на државата му ги врзува рацете и го тера да го намалува производството.

-Тоа се многу пари и за мене, со тоа не само што мене ме уназадуваат и самата држава се уназадува, јас тие пари ќе сум ги инвестирал во производтсвото, наместо 75 крави колку што имав, да ги направам 100, јас сега паднав на 30, а ќе ги направам и три, вели Слободан Богдановски, земјоделец.

Богдановски водел неколку судски постапки кои ги добил на суд, но парите од државата се уште не ги добил.

-2014-2015 на мојата сметка нема пари за субвенции, но на друга сметка со ист даночен број се префрлани пари. Јас не сум задоволен од админситрацијата во Минситерството, изјави Слободан Богдановски, земјоделец.

Од Платежната агенција, информираат дека во 2013 година Боградовски имал долг за трактор поради што го изгубил правото за субвенционирање. Во однос на Програмата за 2015 година е извршено исплата за мерка 2.4 , а подоцна се води како должник за земјиште.

Во врска со барањето за финансиска поддршка кое се води на лично име на Слободанчо Богдановски за 2013 година, по однос на три мерки се извршени уплати на вкупно 21.402 денари, а во 2014 година , за две мерки му биле исплатени 14.550 денари. За лани, од агенцијата информираат за проблем со трансакциската сметка со тоа што задолжително треба да достави валидна и активна транскациска сметка и копија од лична карта до Агенцијата, за што барателот е уредно известен.