(ВИДЕО) Стоилковски: Над 230 првачиња помалку за последните десет години во Крива Паланка – потврда на штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ

0
1019

Урнисаниот образовен систем е една од причините зошто младите се иселуваат од земјава. Осомничениот Никола Груевски и неговиот заменик министер, Спиро Ристовски, се најголемите виновници за младинскиот егзодус во Македонија. Нивните погубни политики резултираа со опустошени училишта, села и градови. Од година в година, бројот на новозапишани ученици осетно се намалува. Крива Паланка не е исклучок од поразителната статистика, изјави на денешната прес конференција, Оливер Стоилковски, претседател на Локалниот клуб на СДММ од Крива Паланка

– За десет години бројот на запишани првачиња во Крива Паланка е преполовен. Бројот на првачиња е намален за 55% (54,72%). Во учебната 2006/2007 година, во прво одделение во Крива Паланка биле запишани 424 ученици. Минатата 2015/2016 учебна година се запишале само 192 ученика. Оваа година негативниот тренд продолжува и сето тоа е резултат на лошото владеење на локалната и централната власт. Над 230 првачиња помалку за последните десет години во Крива Паланка е огромна, фрапантна бројка што ги потврдува штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

На младите во цела Македонија им се неопходни промени. Тие треба да продолжат да живеат и создаваат под ова поднебје. Иднината на оваа земја мора да се обезбеди со воведување европски систем на образование и нови економски политики. После 11 декември доаѓа нова демократска власт предводена од СДСМ која ќе го фокусира системот на образование на учениците и на професионалното насочување. Со повеќе мерки ќе го поттикнеме вработувањето на завршените ученици од средните училишта. Ќе обезбедиме современ и ефикасен образовен систем кој ќе биде по мерка и на учениците и на наставниците. Преку нови економски политики младите ќе ги задржиме дома и ќе го вратиме квалитетот во образовниот процес. Промените доаѓаат. Македонија заслужува поквалитетен образовен систем – додаде Стоилковски.