(ВИДЕО): Стевчо Јакимовски како што доликува на РЕЖИМСКИ ЦВИКАТОР одби дебата со Дамјановски, не му бил на ниво?!

0
1159

jakimovski1-540x356

Зоран Дамјановски не е на мое политичко ниво и затоа не го прифатив гостувањето во 24 Анализа. Ова е одговорот на Стевче Јакимовски откако одби да гостува во дебатната емисија заедно со неговиот колега, градоначалникот на Куманово, пренесе 24 Вести.

Во соопштението на партијата ГРОМ се додава и дека Дамјановски не е член на извршен одбор а сака на дуел со лидер на политичка партија.

Дамјановски пак реагира и вели Јакимовски бега од ТВ дуел и додава се видело кое е неговото ниво.

Водителот на Анализата на 24 Вести, Мишко Иванов на стартот на емисијата потенцира дека едно столче во дебатата остана празно.

Во Анализата Дамјановки кажа и дека Јакимовски во својата политичка кариера е синоним за менување на партии.

Во соопштението на ГРОМ меѓу другото пак се објаснува дека е среќа што Јакимовски не се појавил на дебатата, бидејќи ќе го дозакопал Дамјановски.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=Ri6qXEutHSQ[/youtube]

Целата емисија погледнете ја во продолжение.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=d7PqFe_f2ek[/youtube]