Стевчо Муња службениот џип Ауди го користел и приватно!?

0
1659

Градоначалникот на општина Карпош, службениот џип Audi Q7 сопственост на општината кој се уште се плаќа под лизинг (од џебот на граѓаните) си го користи за свои приватни цели.
Вчера (недела), според информациите што ги објави порталот Доказ, службеното ауди било видено  паркирано пред неговата вила која е во изградба во неговото родно село, Подржикоњ – кривопаланечко.

Јакимовски вториот мандат на градоначалник на Карпош го доби со печатот на неговиот близок пријател Драгиша Милетиќ, а откако беше исклучен од СДСМ чија градоначалник беше во првиот мандат, ја формира партијата Гром.
Лидер на оваа партија е Јакимовски, кој од жесток критичар на Груевски, сега е жесток борец и поддржувач на политиките на Груевски и неговата Преродба. Гром формално не е во коалицијата на владеачката ВМРО ДПМНЕ но секогаш е на браникот на власта и еден од нај експонираните политичари кои ја напаѓаат опозицијата.

Во бомбите од прислушувањето беа објавени и разговори на Јакимовски во кои тој договара како што тврди опозицијата пари кои ке ги даде власта за партијата на Милетиќ во изборната кампања на последните избори.