(ВИДЕО) Средба на Премиерот Заев и Канцеларот Курц : Република Австрија е и останува голем пријател и поддржувач на Република Северна Македонија

0
1116

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Виена оствари средба со Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц.

Истакнувајќи дека секоја посета на Република Австрија е задоволство, Премиерот Заев му се заблагодари лично на Канцеларот Курц, но и на Владата на Република Австрија за сѐ што направиле за Република Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.