(ВИДЕО) Спасовски: Промените треба да започнат уште на првата собраниска седница!

0
1109

Интегрално го објавуваме обраќањето на Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, на денешната координација во Собранието:

„Имаше работна средба кај досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Тоа беше средба на која ќе се договорат деталите околу конститутивна седница на Собранието. Бевме информирани дека досегашниот престедател на собранието планира да ја води конститутивната седница, што е спротивно на Деловникот и на собраниксата пракса, бидејќи најстариот пратеник претседава со конститутивната седница. Трајко Вељановски сега е пратеник, како што бил прв меѓу еднкавите, сега е еднаков со сите како пратеник и затоа сметаме дека конститутивната седница треба да ја води најстариот меѓу пратениците, од проста причина што ставот два од членот девет е поврзан со ставот еден кој вели дека доколку досегашниот претседател на Собранието не ја свика седницата, тогаш ја свикува најстариот пратеник и ставот два вели дека тој кој ќе ја свика седницата тој председава со неа.

Се поставува прашањето што ако Трајко Вељаноски денеска не е пратеник? Тој нема да биде донесен од дома за да ја свика седницата, така што ова се нашите принципиелни забелешки кои ги искажав на средбата што ја имавме со политичките партии и нашиот став е многу јасен дека досегашната практика и одредбите од деловникот се јасни, дека најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница. Тоа покажува како ВМРО-ДПМНЕ планира да ја води утрешната седница која треба да биде конститутивна и која треба да тече врз нормите кои се пропишани, без никакво насилие, но меѓутоа и покрај искажувањето на волјата на граѓаните и искажување на ставот дека промени мора да се случат, едноставнио не се свесни дека промените треба да започнат токму на таа прва седница на Парламентот“, рече Спасовски.