(ВИДЕО) Спасовски: Полицијата ќе биде сервис на граѓаните

0
981

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовки кој најверојатно ќе биде новиот министер за внатрешни работи кажа дека граѓаните полицијата ја гледаат како партизирана институција која работи за поединци. Тој се повика на денешната презентација на истражувањето за перцепцијата на граѓаните во однос на полицијата и на другите државни ограни, пред се како функционираат и дали има корупција во институциите на системот.

Според Спасовски тоа е регионално истражување коешто се спроведува во Македонија и во земјите од регионот. -Интересно е дека граѓаните на Република Македонија дават поддршка на полицијата. Меѓутоа исто така сметаат дека премногу е партизирана, дека премногу работи во интерес на поединци, високи функционери во МВР или од страна на власта.

Понатаму, дека има многу ниско ниво на професионализација и дека има висок степен на корупција. Таквата перцепција е слична и за другите државни органи.