(ВИДЕО) СПАСОВСКИ ОД КРИВА ПАЛАНКА : Лицемерно е Мицкоски, генералниот секретар на Груевски да зборува за некаква обнова, тоа е обнова само на режимот

0
1243

Спортската сала „Бранители 2001„ во Крива Паланка вечерва е претесна да ги прими граѓаните од овој град кои присуствуваат на граѓанската трибина „На прав пат“.

Лицемерно е Христијан Мицкоски кој беше генерален секретар на Никола Груевски да излегува во јавноста со парола дека ќе направи обнова на Македонија.

Тоа е само обнова на режимот, обнова на криминалот, на грабежот, обнова на се она што лошо и го направија на државата во 11 година. Затоа мотивацијата наша е се поголема, ќе се бориме и нема да дозволиме враќање назад, Македонија е и ќе остане на прав пат порача вечерва потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во своето обраќање.