(ВИДЕО) Спасовски: Македонија ќе биде правна држава, институциите ќе работат во служба на граѓаните

0
1338

Изјава за медиуми,
Оливер Спасовски, носител на кандидаткста листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2
Скопје, 01.12.2016

Стајковци се уште ги чувствува последиците од поплавите и од негрижата на државните институции.

Во августовските поплави овде на површина исплива целата неспособност на локалната, градската и централната власт. Несреќата која ги погоди жителите од овој крај се уште не можа да го врати во нормалата секојдневниот живот.

Наместо одлучна акција на сите институции за заштита, јавноста со денови беше сведок на аматерско однесување, на партиска селективност во помошта и на евтин популизам на кадрите од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Никола Груевски и Никола Тодоров.

Недозволиво е граѓаните да бидат оставени сами на себе кога државата им е најмногу потребна. Затоа во Планот за живот во Македонија граѓаните ќе бидат најважниот сегмент на секоја државна институција. Ќе ги изградиме урнисаните институции и тие ќе работат единствено во служба на граѓаните, бидејќи институциите постојат за граѓаните, а не обратно.

Никогаш повеќе нема да дозволиме негрижа од државата за сопствените граѓани. Јавните услуги ќе бидат достапни за сите, социјалната, здравствената и безбедносната заштита ќе бидат достапни за секој граѓанин подеднакво.

Никогаш нема да дозволиме да се повторат сликите кој ги гледавме тука кога и помошта и парите за оштети се делеа по партиски клуч. Кога наместо во независни и професионални институции, за распределбата на помош да се одлучува во партиски штабови или кога партиски локални фукционери ќе командуваат кај кого да се испрати помош. Или да ги гледаме сликите каде што одредени лица блиски до владеачката партија земаа помош иако не беа поплавени.

Сите оние кои направиле било какви злоупотреби и во овој, но и во сите други случаи ќе мора да одговараат. Секој кој се огрешил пред законите ќе одговара за своите постапки и за тоа нема да има компромис. Македонија ќе биде правна држава во која сите институции ќе работат во корист на граѓаните.

Полицијата ќе биде сервис и партнер на граѓаните а полициските службеници секогаш ќе бидат први онаму каде што ќе има потреба од итна и неодложна помош. Клучните државни институции ќе работат во две смени, до 20 часот за секој граѓанин да може навреме да си ги заврши своите потреби.

Државните институции ќе бидат во функција на штитење на правата и слободите на граѓаните а не како што беше досега само на една фамилија. Граѓаните ќе имаат пристап до квалитетно образовение, модерно здравство и ефикасно судство. И затоа на 11 декември граѓаните ќе дадат масовна поддршка за враќање на заштитата, правдата и животот во Македонија