(ВИДЕО) Спасовски во Боговиње: Ќе добиете локален пат, Македонија ќе ја поврземе со светот

0
1257

Изјава за медиуми,
Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ
С.Урвич, 27.08.2016

Почитувани граѓани,

Денеска сме во посета на населените места Урвич и Јеловјане за да се запознаеме со проблемите на граѓаните од овие две населени места. Можам да констатирам дека она што се случува во Македонија се случува и овде.

Најголемиот дел од луѓето ги напуштаат населените места и ја напуштаат Македонија заради тоа што не гледаат перспектива и затоа што немаат сериозни услови за егзистенција во овие две населени места.

Има премногу проблеми.

Еден од клучните проблеми на селата Урвич и Јеловјане е и безбедноста. Навистина е незамисливо да не функционира Министерството за внатрешни работи и полицијата да ги заштити овие луѓе. Граѓаните се пожалија на премногу кражби, се пожалија на премногу насилство и има сведочења за тоа како не реагираат припадниците на МВР. И тоа треба да биде врвен приоритет за граѓаните за да почувствуваат дека државата функционира.

Патната инфраструктура е на едно катастрофално ниво и од тој аспект мора се да се направи за да може да се обезбеди добро ниво на патна инфраструктура, а пред се поврзување на патниот правец од с.Урвич до с.Јеловјане.

И од тој аспект земавме обврска овие состојби да ги промениме.

Да се направи патниот правец с. Урвич –с. Јеловјане.

Да се рехабилитира целата патна инфраструктура до овие населени места.

Да се подобри здравствената заштита за граѓаните од двете села. Тоа ќе биде врвен приоритет за идната Влада на СДСМ, да вложуваме во населените места се со цел што повеќе граѓани да останат овде да ја градат сопствената иднина и пред се и над се да се зголеми безбедноста на граѓаните.

Преку зголемување на безбедноста на граѓаните да им се гарантира заштита на имотот, заштита на животот на овие луѓе во населените места и на тој начин да допринесеме да граѓаните од овие две села останат овде ја градат сопствената иднина и помогнат на Р.Македонија да заеднички ја градиме како подобра, попросперитетна и подемократска држава.