(ВИДЕО) Скопското обвинителство се уште ја истражува смртта на Крпач

0
964

Скопското обвинителство се уште ја истражува смртта на Коста Крпач но останува на ставот дека во предистражната постапка е утврдено дека станува збор за самоубиство, пренесува Телма.

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува и натаму да работи на утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на лицето К.К. Во таа насока, се очекуваат резултатите од уште едно вештачење, но и податоци од други институции кои во јавноста излегоа со тврдења дека поседуваат информации за случајот, одговорија од јавното обвинителство до Телма.

Во својот одговор, обвинителството не открива какво вештачење чека, но прецизно е објаснето дека досега СЈО не одговорило на нивната ургенција да им кажат под какви притисоци бил Крпач.

40-годишниот Коста Крпач бил сведок на Специјалното обвинителство. Според првичните информации дал солидни информации во истрагата за набавка на израелска безбедносна опрема и мито кое е подделено во таа зделка, што може да се чуе во бомбите на СДСМ.

Иако сведок, претседателот Ѓорге Иванов го стави името на Крпач на листата на неговата пишман аболиција, по што СЈО бараше информации како Крпач се нашол на списокот на Иванов.

СЈО објави дека Крпач им пријавил закани и притисоци. Истрагата сега треба да открие дали и какви закани имало и како тие влијаеле на смртта на сведокот на СЈО.

Досега не е откриено проштално писмо од Крпач. Од скопското обвинителство одговорија и дека сопругата на сведокот која е вработена во УБК досега не пријавила каква било закана кон неа.

ВИДЕО прилогот ОВДЕ