(ВИДЕО) СЕ СПРЕМА ПОТОП НА ДПМНЕ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД, ЛЕЛЕЛЕ КАКО ЌЕ ГО ЈАДАТ ГРУЕВЦИ ПА ПА ПА : СЈО со ТОРПЕДИРАЊЕ од најмалку 15 нови обвиненија во следните три недели!

0
3156

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека ќе поднесе уште најмалку 15 обвиненија до крајот на месецов, кога истекува крајниот рок на СЈО за поднесување на обвиненија. Останатите предмети, кои се во порана фаза, засега нема да ги предаде на редовното обвинителство и покрај тоа што, барем во моментов, СЈО нема да биде во можност да ги преточи во обвиненија, пренесе Алсат-М.

„Ние ќе продолжиме да работиме на материјалите бидејќи нашиот мандат е пет години. Ние ќе продолжиме да работиме во предистражна постапка или да отвораме истраги. Во однос на обвиненија, во однос на членот 22 од нашиот закон се надеваме дека и во овие 22 дена колку што останува до крајот на … до почетокот на јули дека ќе се најде начин да се реши тој проблем од страна на Парламентот.“ – изјави Катица Јанева- специјален јавен обвинител

Токму деновиве, во јавноста е актуелен и предметот „Труст“, за тендерите на ЕЛЕМ за термоелектраната во Битола. Апелација ја прифати жалбата на СЈО против одлуката на основниот суд кој прифати гаранции во имот од 850 000 евра, за бизнисменот Сеад Кочан да се брани од слобода. Според решението на Апелациониот суд, судијата во претходна постапка направил грешки. На пример, за понудениот недвижен имот во гаранцијата, требало а немало писмена согласност и од другите сопственици и управители на понудениот имот.

Позицијата на СЈО останува дека воопшто не треба да има гаранции.

„ Сега ова е судска работа. Како и да е ние пак ќе го истакнеме нашиот став дека сакаме г. Сеад Кочан, кој е осомничен во нашиот предмет, да оди во притвор, бидејќи за такви случаеви, за таков организиран криминал секојпат праксата во судството во Република Македонија била да тие лица, осомничени за такви дела да бидат во притвор.“ – рече Јанева

За разлика од СЈО, Кривичниот суд толкува дека одлуката на скопска Апелација не значи дека повторно ќе се разгледува барањето за притвор. Велат, повторно ќе постапуваат само за укинатите гаранции, бидејќи притоворот веќе е одбиен и во втор степен од Кривичниот совет. Нејасно е сепак, што ќе се случи ако одбраната на Сеад Кочан не успее уредно да достави гаранции како што бара Апелација, бидејќи тоа е услов за да не се одреди притворот.

Со или без притвор, токму случајот „Труст“ е еден од предметите кои се очекува да бидат дел од најавените 15 нови обвиненија на СЈО. Една од причините поради кои СЈО не успеваше побрз да поднесе обвиненија и за овој и за други предмети е што дел од осомничените се обидуваа да ја развлечат постапката колку што е можно подолго. За пример, го растегнуваа времетраењето на законското право да извршат увид во доказите или го одолговлекуваа датумот кога ќе дојдат за да дадат исказ.