(ВИДЕО) Сега е јасно кој му наредил на Хорхе да ја напушти државата за време посетата на Хан : Груевски по стапките на Иванов претпладнето замина од Македонија

0
1552

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска кога треба да се избира нов претседател на Собранието, не е во Македонија. Со лет на „Туркиш Ерланјс“, Груевски денеска претпладне замина од Скопје за Истанбул. Екипа на емисијата „360 Степени“ го сними Груевски по слетувањето на аеродромот „Ататурк“ близу Истанбул. Освен лице од протоколот и членови на обезбедувањето, со Груевски нема други познати членови на партијата или на семејството. „360 Степени“ се обрати до ВМРО-ДПМНЕ со прашање каде патува Груевски и штом добиеме одговор, ќе го објавиме.