(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП – Стојкоска : Растат платите на вработените во градинките, го враќаме достоинството на стручниот кадар

0
1334

Владата предводена од СДСМ на конкретен начин покажа дека го цени и вреднува трудот на вработените во градинките.

Со одлука на Министерството за труд и социјална политика, воспитувачите, негувателите, стручните работници и соработници, педагозите, психолозите и другите вработени кои се директно поврзани со згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишната возраст, добија повисоки плати за 16 отсто.

Тоа значи дека со оваа мерка, платите на вработените во градинките се зголемуваат до 5000 денари.

Дополнително, од месец септември оваа година сите вработеени во градинките добиваат ново зголемување на платите од 5 отсто.

Покрај владините мерки, Општина Прилеп континуирано инвестира во подобрување на условите во сите објекти на Јавната општинска установа Детска градинка „Наша иднина“.

Во изминатиот период, целосно е заменета внатрешната и надворешната дограма во градинката „Тризла“, каде комплетно е реновиран и покривот.

Во градинката „Бончејца“, покрај целосната замена на дограмата, извршено е и фасадно уредување на објектот.

Додека во сите градинки комплетно се реновирани санитарните јазли, при што во целост се запазени хигиено-техничките стандарди.

Почитувани,

За нас грижата за најмладите е еден од врвните приоритети.

Го враќаме достоинството на стручниот кадар во градинките.

За нас зборот важи.

Мартина Стојкоска – Портпарол на ОО СДСМ – Прилеп