(ВИДЕО) СДСМ: Преседанот со затворената обиколницата го пренасочи товарниот сообраќај низ Скопје

0
1389

Власта прифати да ја затвори скопската обиколница и коридорот 10, најфреквентниот коридор во земјава. Причината е снимање на филм со непозната уметничка вредност. Никаде во светот не е дозволено затворање на автопат на ваков начин. Особено не на толку долг временски период, 37 дена.

Несериозни се споредби со земји со многу поразвиена сообраќајна инфраструктура коишто имаат можности за брзи алтернативни решенија за премостување на затворени делници.

Со затворањето на обиколницата целиот товарен сообраќај поминува низ Скопје. Сите камиони кои транзитираат ќе поминуваат низ центарот на градот.

Со тоа се зголеми сообраќајниот хаос на оваа улица, Никола Карев, попозната како Пластичарска, а инфраструктурата во Скопје ќе претрпи нови оштетувања.

Дополнително, зголемениот сообраќај ќе предизвика уште поголемо загадување на воздухот во Скопје којшто одамна е најзагадениот град во Европа.

Загадувањето пак ќе предизвика нови, сериозни проблеми за луѓето со респираторни болести.

Несериозно, неодговорно, економски и еколошки неисплатливо е да се затвора автопат и обиколница на главен град 37 дена за само 78 илјади евра.  78 илјади евра коишто наводно ќе се наменат за наводна реконструкција на стариот пат Велес-Градско.

Апсурдноста е во тоа што власта постави три жални врби во Вардар за коишто потроши 250 илјади евра, а сега се фали со наводна инвестиција од само 78 илјади евра за реконструкција на пат.

Па со 78 илјади евра не може да се реконструира ниту 1 километар пат.

ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонија во несериозна држава во којашто е можно се што не е ниту замисливо за нормалните земји.