(ВИДЕО) СДСМ: Парите ги насочуваме кон граѓаните, создаваме стабилни семејства

0
1024

10259851_1025822730782412_2651338731448748672_n

„Денешната централна дебата во Скопје на тема: Парите кај граѓаните, извлекуваме од сиромаштија предизвика големо внимание.

Постои свест дека нерамномерната распределба на доходот е една од актуелните политики што генерира сиромаштија. Мерките на СДСМ за праведни даноци, насочување на парите кон граѓаните, стабилен систем на социјална заштита, економски стабилни семејства, економски стабилна држава, ги преставија Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика“, соопштуваат од СДСМ.

„Сите мислења и предлози на граѓаните, на граѓанските здруженија, невладиниот сектор, професори, експерти се внимателно забележани и ќе бидат земени предвид при заокружувањето на Програмата“, велат од СДСМ.