(ВИДЕО) СДСМ Кавадарци: Заедно со граѓаните ја враќаме слободата и правдата во нашиот град, во нашата земја

0
1217

Прес конференција, СДСМ Кавадарци
Зоран Ѓорѓиев, претседател на СДСМ Кавадарци
07.09.2016 година

Почитувани сограѓани!

Нека ни е честит денот на ослободувањето на нашиот град Кавадарци.

Во долга и тешка војна, нашите сограѓани, херои, партизани и револуционери, како Страшо Пинџур, Ќиро Крстев, Блажо Тодоровски и многу други, ги положија своите животи за слободата и правдата.

Седумдесет и две години подоцна, идеалите за кои се бореа и загинаа нашите херои не постојат во Кавадарци. Денес Кавадарци е заробен од градоначалникот кој 9 години ги уништува духот и сржта на нашиот град. Нашите херои не се бореа за популистички промени на имињата на улиците и плоштадите. Не се бореа за денес некој се богати на маката на осиромашеното Кавадарци.

Нам не ни се потребни споменици на оваа власт и узурпација на градот во партиски цели. Потребни се нови улици, паркинзи и детски градинки кои ќе бидат допстапни за сите, а не само за оние кои ќе се најдат на подобниот список на градоначалникот.

Денес, кога се присетуваме на жртвувањето на нашите херои, ја испраќаме следната порака: Заедно со граѓаните ја враќаме слободата и правдата во нашиот град, во нашата земја.

Заеднички да ја преземеме одговорноста за сопствената иднина, за иднината на нашите деца и на 11 декември да ја вратиме државата на граѓаните. Сите заедно да ги воскреснеме идеалите на нашите херои. Сите заедно да донесеме промени за еднаквост на граѓаните, за владеење на правото и за достоинствен и пристоен живот. Сите ние заедно да бидеме силата за промени!

10 годишното владеење на Никола Груевски и неговите соработници завршува, промените се случуваат, слободата доаѓа!