(ВИДЕО) СДСМ: За власта особен интерес е комерцијално деловен објект, ние бараме градинка

0
917

Screenshot_9-614x320

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери остро се спротивставува на злоупотребата на државно земјиште за бизнис цели, каков што е случајот со комерцијално деловниот објект на 15 спрата, што треба да никне на местото на бараките на Ј.П за станбен и деловен простор, рече Игор Алаџајков, Координатор на Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во општина Центар.

Бидејки власта се прави во функција на бизнис интерес, ова земјиште го одбележа како простор од особен државен интерес.

Но тука ниту ќе има градинка, ниту ќе има училиште или каква било друга реална потреба на граѓаните.

Ќе има комерцијално-деловен објект. Тоа подразбира власта под посебен интерес.

Затоа, ние поднесовме анкетни листови со што бараме просторот да се употреби за објект што е од вистински интерес на граѓаните. Ако тоа е градинка, на пример, ќе се намали бројот на дечиња во другите објекти, ќе ги подобри условите за образована дејност и значително ќе им олесни на родителите.

Исто така, бараме местата каде што се планирани катни гаражи, да се претворат во еко-монтажни гаражи, парк и зеленило.

Бидејќи во изминатиот период владата во заминување донесе повеќе одлуки со коишто се скратуваат ингеренциите на локалната самоуправа во општина Центар, во интерес на граѓаните и одбраната на нивните интереси, ќе покренеме иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста на донесените одлуки.

Зоран Ставрески и Владата на РМ ги бранат интересите на ВМРО-ДПМНЕ, а не интересите на граѓаните.

За нас интересот на граѓаните е на прво место.