(ВИДЕО) СДСМ Гази Баба: Одговороност за бројните пропусти пред и по поплавите мора да има!

0
1314

Поминаа четеринасет дена од катастрофата во којашто згаснаа повеќе од 22 човечки животи и уште 6 се водат за изчезнати. Нанесена е огромна материјална штета на населението во населените места околу Скопје, Стајковци, Сингелиќ, Економија, Инџиково, Црешево, Виниче, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Невремето не можеше да се спречи но огромниот број на човечки жртви сигурно да. Силното невреме не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите што се платени од народните пари за превенција и справување во вакви состојби, изјави денеска Борче Георгиевски, претседател на Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.

Тој нагласи дека Дирекцијата за заштита и спасување на чело со директорот Шабан Салиу и Центарот за управување со кризи на чело со Сузана Салиу, во кои се вработени околу 600 вработени, до денеска не одговориле дали има и дали е спроведена постапка за релизација на план за заштита, спасување и евакуација предвиден за вакви катастрофи.

– Непостоењето на никаква координација во првите три дена од катастрофата доведе до поголем хаос на теренот се додека не се вклучи Армијата и КФОР. Со денови граѓаните беа оставени сами на себе. Се уште нема одговори на прашањето што има превземено Агенцијата за хидромерологија за ваквата состојба? Градоначалникот на Скопје очигледно ја заборавил поплавата на Стајковци во 2009 година на истото место, но тогаш во помал обем. Трајановски не ги презеде мерките за одржување на ободниот канал за одводнување. Граѓаните не се сеќаваат кога последен пат е исчистен каналот на потегот од Камник, Сингелиќ, Стајковци, Брњарци и Арачиново. Несредените речни корита на водотеците од Скопска Црна Гора, кои доаѓаат од Раштак, Булачани, Црешево, Виниче, Страчинци и Брњарци до ден денес се несредени иако се сопственос на Агенцијата за водостопанство. Во нивна регулација не е вложено ни денар во последните 10 години – рече Георгиевски.

Тој нагласи дека ерозијата на Скопска Црна Гора е предизвикана од сечење на дрвната маса која во последните 8 години е со незапаметени размери, како и не префземање на никави мерки против сторителите си го направи своето.

– Агенцијата за регионални и магистрални патишта, како да ги има заборавено претходните случување од пред 7 години на потегот, Смилковци, Стајковци и клучка Арачиново и нема превземено мерки за собирање и  одводнувањето на водите што дооагааат од Скопска Црна Гора. Градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, извршувајки го вториот мандат во населените Раштак, Булачани, Црешево и Виниче не само што ништо не презеде туку дозволи локалната фекална канализација да завршува во речните корита и истите преставуваат депонија и извор на зараза. Моралната одговорност мора да постои но овде има простор и за кривична одговорност. Наместо да се решат потребите на граѓаните од овии населени места во инфраструктура, водоснабдување, патишта, канализации, Владата на ВРМО-ДПМНЕ и нивните градоначалници се грижат само за тендерите од панорамски тркала, градски плажи, споменици – оцени тој.