(ВИДЕО) СДСМ: Во Ресен се прави вештачка криза со огревно дрво

0
1324

sdsmresen1-675x320

„Граѓаните на општина Ресен, како и граѓаните од другите општини во Македонија, не можат да дојдат до дрва за огрев.

Иако уште пред 3 месеци ги имаат исплатено во целост дрвата коишто ги нарачале од ЈП Македонски шуми, до денес ги немаат добиено“, рече на денешната прес конференција претседателот на ОО СДСМ Ресен, Никола Станковски.

„Што се случува со подружницата на Македонски шуми во Општина Ресен?

Дополнително, проблемот се комплицира со тоа што ЈП Македонски шуми не прима нови уплати за огревно дрво.

Се создава ли намерно вештачка криза со огревно дрво во Ресен за дрва да се нудат по повисока цена?

Во интерес на граѓаните бараме, на сите граѓани коишто ги исплатиле дрвата за огрев, ЈП Македонски шуми веднаш да им ги достави, за да можат нормално да се подготват за зимата“, изјави Никола Станковски.