ВИДЕО: Ромите му ја запееја на Грујо „Џелем, џелем“

0
1253

romiPredVlada-5-640x320

„Џелем, џелем“ денеска се пееше пред Владата каде стотина ромски граѓани протестираа со барање за поголеми права и незадоволни од лошите услови во кои живеат, јави А1он. Протестот беше организиран од Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази“ по повод 8 Април, Денот на Ромите, а почна како марш од Топаанско поле, од каде демонстрантите тргнаа кон Влада.

Таму беа прочитани барањата на ромската заедница до државата и фактите кои говорат за највисок степен на невработеност кај оваа етничка популација. Освен проблемот со невработенотста кај Ромите, организаторите порачаа дека Ромите живеат како граѓани од втор ред во Македонија, дека се редовно дискриминирани и етикетирани, и дека се злоупотребувани како гласачко тело.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=gMALkB6Kh-c[/youtube]