(Видео) Ромите бараат оставка од министерката Јанкуловска

0
975

romi 11

Здруженија на роми од повеќе градови од Македонија денеска излегоа на протест. Од пред Министерството за внатрешни работи тие побараа оставка од министерката Гордана Јанкуловска но и од премиерот Никола Груевски, пренесува 24 Вести.

Револтирани се поради како што велат тоа што со години ги враќаат од граничните премини со изговор дека во некоја од земјите на ЕУ ќе побараат политички азил и побараа да престане таквиот третман ко нив. Тие се незадоволни и од како што тврдат и дискриминацијата на повеќе општествени нивоа со која секојдневно се соочуваат.

За денешниот протест реагираа и поради тоа што не им овозможиле повеќе автобуси да дојдат во Скопје за да присуствуваат на протестот.

До Јанкуловска доставија ултиматум – ако не престане враќањето од граница ќе протестираат пред граничниот премин Табановце каде ќе останат се додека не се исполнат нивните барања.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=xowNGlmOLF8[/youtube]