(ВИДЕО) Рената Десковска: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ незаконски го спасија Иванов

0
1271

R.Deskoska(3)Како што беше очекувано, Комисијата којашто требаше да ја оцени иницијативата за одговорност на Иванов, кадешто има мнозинство владејачката партија, пропушти да го врати Уставот, почитувањето на законите и уставноста и законитоста во Република Македонија.

„Работата на оваа Комисија е класичен пример како всушност едно незаконито работење води кон друго незаконито работење.
Онака како што господинот Иванов сакаше со своите аболиции да ги спаси криминалците од власта на ВМРО-ДПМНЕ, на ист начин денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да го спасат него од одговорноста за којашто има навистина аргументи дека тој го прекрши Уставот и законот за помилување. За жал, првата постапка за импичмент помина на начин којшто не доликува за водење постапка на еден ваков институт каков што постои во другите компаративни системи. Претседателот на комисијата заедно со колегите од мнозинството не сакаа да спроведат вистинска и темелна дебата и вистинско разгледување на фактите коишто ние ги презентиравме“, изјави пратеничката на СДСМ, Рената Десковска.