(ВИДЕО) Ременски: Управниот суд потврди дека се безпредметни обвинувањата на Диме Спасов

0
756

Управниот суд на Република Македонија донел решение со кое тужбата и предлогот за времена мерка на заменик министерот Диме Спасов против министерот за труд и социјална политика се отфрла како беспредметна во случајот со разрешување на директор и именување на вршител на должност директор за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, информира денеска министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Појасни дека станува збор за тужбата и решението за времена мерка со кои Спасов во својство на тужител ги спорел решенијата за разрешување на директор и именување на вршител на должност директор за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, донесени од страна на министерот во јануари оваа година.

– Судот утврдил дека, дополнителниот заменик министер пред да ја поднесе тужбата, можел но не се обратил до ДИК, која согласно закон е единствениот надлежен орган што одлучува кои кадровски, финансиски и правни  прашања се однесуваат на организација на изборите. Тоа е потврда дека, дополнителниот заменик министер не ја испочитувал надлежноста на институциите утврдени и со Законот за Владата на Република Мкаедонија, истакна на денешната прес-конференција министерката Ташевска Ременски.

Според неа, ова решение на судот е аргумент против сите, како што рече, обвинувања, клевети и навреди за незаконско работење на министерот и аргумент против безпредметните обвинувања за непочитување на одлуки на Судот и смешните закани со кривична пријава.

Ова решение, додаде таа, истовремено е доказ дека, во институциите на РМ работат совесни професионалци со интегритет, кои одлучуваат исклучиво по словото на законот, додаде Ташевска Ременски.

– Решението укажува на фактот дека со самата тужба и предлогот за времени мерки и решенијата за времени мерки е беспредметно, што значи дека е беспредметна и кривичната пријава, дотолку повеќе што во Решението за времена мерка од Управниот суд не му се наложува на министерот да ги врати разрешените директори на претходните работни места бидејќи за тоа ниту е надлежен Управниот суд да одлучува, а најмалку е тоа обврска во решението на кое се повикува дополнителниот заменик министер, рече Ташевска Ременски.

Со ова решение, потенцира, и решението за времена мерка и тужбата се отфрлаат како беспредметни во овој случај. Остануваат рече, правните лекови за сите страни во постапката. Вишиот управен суд, додаде министерката, е тој кој во втор степен одлучува по овие решенија и очекуваме да се почитува словото на законот и да се донесе правично решение.