(ВИДЕО) Ременски: Нема да дозволам децата да завршат на улица, центарот во Шуто Оризари ќе продолжи да работи

0
1690

Remenski-685x320„Дојдовме денеска да актуелизираме еден проблем којшто се отвори намерно или ненамерно од страна на в.д. директорката на градинката и претставници на локалната самоуправа од Шуто Оризари“, рече министерката Фросина Ременски при посетата на општината Шуто Оризари, на градинката „8-ми Април” и на дневниот центар за деца од улица.

Станува збор за обид по 10 години успешна работа и финансиран проект од Светската банка за згрижување и заштита на деца од улица на Здружението за правата на детeто, да се стави крај на овој проект и моментално згрижените 102 деца во дневниот центар за деца од улица повторно да се најдат на улица и без никаква грижа од институциите на Република Македонија и од родителите, а најмалку од локалните власти којшто не покажуваат интерес за решавање на проблемот на дневниот центар за децата од улица, односно не покажуваат интерес за решавање на проблемите на жителите на општината Шуто Оризари.

Станува збор за упатено барање за дислоцирање односно за иселување од просториите на здружението коешто 10 години под закуп го држи дневниот центар, од страна на директорката во коешто се вели дека одлуката е направена во консултација со општината Шуто Оризари и со Министерството за труд и социјална политика.

Бевме изненадени од изјавата и известувањето на здружението коешто не информираше дека добиле вакво известување, а самиот дневен центар претставува една најуспешна форма на вонинституционална грижа за децата од ромска популација. Во таа насока здружението бидејки се соочува со проблем на просторот меѓутоа и во неможност да се обезбеди и друг простор бидејки општината не ја зема обврската да обезбеди соодветен простор исто така во Шуто Оризари, пред 2 дена им е стигнато конечно предупредување со последна опомена за краен рок на иселување којшто е денеска. Значи овој денвен центар од утре е на милост и немилост на општината Шуто Оризари и на сите оние коишто сакаат да ги иселат и да ги остават на улица и така децата од улица.

Министерството за труд и социјална политика со Здружението за заштита на права на детето има склучено меморандум за соработка, во имплементација токму на овој проект за вонинституционална грижа за децата од улица. И минатата година и 2016-та Министерството за труд и социјална политика финансиски учествува со 250 000 денари во овој проект наменет токму за децата од улица. Што значи дека Министерството за труд и социјална политика воопшто ниту е консултирано во ова одлука на директорката на градинката и на градоначалникот на општината Шуто Оризари, но се сомневаме дека консултацијата е направена со заменик министерот за турд и социјална политика којшто доаѓа од иста политичка провиненција како и градоначалникот.

Од неразбирливи причини и заменик министерот иако беше уредно информиран за денешнава посета, не успеа и не смогна сили да дојде денеска да се соочиме со проблемот и да ги согледаме последиците од напорите на општината да ги исели овие деца. Во обид да видиме дали навистина има потреба градинката од дополнителни просторни услови како што се најавува во известувањето, Министерството за труд и социјална политика изврши стручен надзор на работата на градинката во делот на исполнувањето на законските и подзаконските обврски и услови за работа на градинката.
Ние наидовме во извештајот на бројни нотирани пропусти меѓу коишто и нотирана забелешка дека општината не донела никаква одлука за намалување или за зголемување на бројот на деца коишто треба да бидат сместени во градинката, ниту пак постои комисија и критериуми за прием на децата во градинка затоа што нема листа на чекање.

И оттука апсурдни се укажувањата дека постои некаква листа на чекање или потреба на родителите за дополнителни простории. Инспекцијата констатира дека вкупниот капацитет на градинката којашто се наоѓа зад нас е 250 деца, во којашто во монетотов со покриени средства за згрижување на децата во градинката од страна на Министерството за труд и социјална политика се 160. Така што има доволно капацитет доколку има реална потреба овие капацитети на градинката да бидат искористени, а воедно да се остави простор за функционирање на дневниот центар за децата од улица, затоа што правиме и како држава и како институции и како локална власт голема штета доколку ова што го наумила локалната самоуправа и директорката се оствари. Што значи тоа? Ако ги погледнете само извештаите на здружението, во последниве години кои резултати ги покажува овој дневен центар, ќе дојдеме до заклучок дека и државните институции, којшто се задолжени за грижа и заштита на децата и социјална заштита на најранливите категории, ги немат овие резултати.

Во моментов дневно циркулираат 102 деца од најмала возраст до полнолетство, но резултатите врз основа на програмите коишто ги спроведуваат покажуваат извонредни достигнувања по однос на запишување и интегрирање на самите деца во образовниот процес во Република Македонија.
Значи станува збор за деца коишто никогаш не биле вклучени во предучилишните институции ниту пак посетувале училиште, но тука го добиваат првичното знење, првичното описменување и потоа се вклучуваат во системот на образование. Доколку овој центар се затвори, децата остануваат на улица, и така се од улица остануваат дополнително на улица, меѓутоа ја губат можноста да се интегрираат во образовниот систем по здобиената едукација во центарот, а со тоа на родителите им стануваат дополнителен товар.