(ВИДЕО) Ременски: Заедно со граѓаните ставаме крај на ова злостроство врз Македонија

0
1116

На вечерашниот протест на Шарената револуција, Исмаил Малиќи, еден од 26 демонстранти кому денеска му беше поднесена кривична пријава порача дека и покрај пријавите, притисоците и заканите, учесниците на протестите на „Шарената револуција“ не и се плашат на власта.

– Не ви се плашиме, секој ден сме се побројни и еден ден ќе бидеме горди на ова што го правиме – рече Малиќи пред Собранието.

Потпретседателка на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, му упати порака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека е готово, без разлика дали гатачката го предупредила на тоа или не.