(ВИДЕО) РАСПАШАНА БАНДА ОД ПОЛИЦАЈЦИ предизвика ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ со селекторот на младата ракометна репрезентација, Илија Темелковски: Го фатиле за врат и го влечкале, па потоа го удирале по бубрезите!

0
2995

Вообичаен попладнвен скопски сообраќаен метеж. Гужва кај Скопски саем. Граѓаните брзаат да го посетат саемот кој е во тек, за да ја купат омилената книга.

Освен од граѓаните, улиците се блокирани и од полицијата, која врши подготовки за делегацијата која што треба да помине. Илија Темелковски во брзање да стигне на време на тренинг, каде го чекаат играчите,  го замолува полицискиот службеник да го пушти да помине.

Сепак доби одговор каков што не очекуваше.

Лицето кое беше влечено од полицискиот службеник, всушност е селекторот на младата ракометна репрезентација, Илија Темелковски. Тој во телефонски разговор го потврди случајот, а тоа што се гледа на снимките, не е ништо во споредба со тоа што му се случило на Темелковски. Како што тој тврди, двајцата полицајци го однеле зад автобус, далеку од очите на минувачите и го малтретирале.

Темелковски признава дека можеби реагирал поостро отколку што било потребно, но вели дека тоа не му дава за право на полицаецот да реагира на таков начин. Тој најави дека случајот ќе го пријави. Но, од МВР велат дека случајот се уште не е пријавен во внатрешната полициска контрола.

Темелковски вели дека ќе покрене тужба и ќе бара одговорност од полицајците.