(ВИДЕО) Разоткриен РЕЖИМСКИОТ КОДОШ кој ги снимаше протестите пред МТВ – припадник на полициските специјалци за брзи интервенции!

0
1296

Лицето кое синоќа ги снимаше демонстрантите од Шарената револуција на чија агенда синоќа беше МТВ и предизвика револт кај демонстрантите е припадник за полициските сили за брзи интервенции- ЕБР, тврдат за Либертас од МВР.

Според тие извори се работи за припадник на оваа полициска единица и најверојатно снимал по задача. ЕБР е под контрола на заменскиот министер Чавков. Впрочем Чавков во интерју за провладините медиуми најави дека полицијата ги снима демонстрантите и дека ќе бидат санкционирани. При синоќешниот инцидент дел од демонстрантите жестоко реагираа штом забележаа лице кое криејќи се зад полицајците со камера ги снимаше учесниците на протестот пред МТВ. Тој не сакаше да открие зошто снима и дека е на задача.
Заменскиот Чавков претходно во ОЈО испрати кривични пријави за 13 демонстранти од протестите пред канцеларијата на претседателот Иванов. За нив веќе се води постапка во кривичниот суд во Скопје и 4 лица од нив се во куќен притвор.

Неспорно е дека припадници на МВР според нивиот правилник имаат право да снимаат но само ако демонстрантите се агресивни со полициските сили и ја загрозуваат нивната безбедност. Лицето кое што вчера снимаше беше инфилтрирано меѓу учесниците и ги снимаше нив, а протестите беа мирни и немаше никаква агресија кон полицискиот кордон.

Правото на протест е загарантирано со устав и снимањето на лицата кои мирно протестираат според член 154 од кривичниот закон се смета за неовластено снимање на лица без нивна дозвола. Во продолжение еве го уште еднаш видеото од инцидентот со полицискиот припадник кои со камерата го регистрираа колегите од порталот А1 он.