(ВИДЕО) Работа од соништата: Фабрика за чоколада бара дегустатори

0
1427

Фабрика за чоколада од Шкотска распиша оглас за дегустатори, работно место за кое не се бараат посебни квалификации и искуство, туку важно е само кандидатите „многу да сакаат благо“.

„Може да се пријави секој, без разлика на возраста и претходното работно искуство. Се што бараме е да сакате чоколада“, изјавил потпаролот на фабриката за чоколада Макис,  Керин Хејхоу.

Фабриката ќе отвори нови погони за производство во април следната година, па потребни и’ се дегустатори на чоколади. Сите заинтересирани за оваа работа најдоцна до 3 декември треба да испратат своја молба и предлог за тоа што би требало да содржи нивната идеална чоколада.

Потоа фабриката ќе избере четворица финалисти кои ги очекуваат дополнителни тестирања. Тие ќе бидат поканети во фабриката за да се испитат нивните способности за дегустација на чоколада.

„Ние сакаме да дознаеме што им се допаѓа, што е тоа што го сакаат и што им се допаѓа во чоколадата што ќе ги дегустираат“, потенцирал Хејхоу.

Рецептите за „идеалната чоколада“ ќе бидат објавени на Фејсбук страницата на „Мекис“, а луѓето ќе можат да гласаат за нив. Работното место дегустатор е на определено време од една година, а среќникот, кој ќе биде вработен, ќе добие залихи од слатки кои ќе може да ги носи дома од работа.