(ВИДЕО) Претседателот на СДСМ, Заев : Амнестиите во Република Северна Македонија се завршена работа, силно ја поддржуваме работата на СЈО и да се тргнат личните предрасуди

0
1218

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 18.03.2019

Почитувани,

Денеска бев повикан од судот за настани од Јуни месец 2016та година, за директни закани против мене, против мојот живот, како оштетено лице сум, во случајот којшто го води ЈО, на моја пријава преку мој адвокат.

Медиуми: Ќе може да не потсетите?

Се работи за директни закани преку фејсбук, во една организирана форма којашто има за цел моја ликвидација.

Медиуми: Од кого конкретно?

Од конкретни личности коишто јас не знам ни дали смеам да тоа јавно го кажувам.

Медиуми: Дали е Миленко?

Не е.

Медиуми: Премиере, до кој степен е дојдено ова со СЈО, како е возможно ова вака сега на маса седите и се пазарите за криминал?

Не, заради тоа што законот за Јавното Обвинителство се носи со 2/3 мнозинство. И треба да се разговара за да се обезбеди тоа 2/3 мнозинство. Ако го има, ќе има нов закон за Јавно Обвинителство, ако го нема, државата продолжува да функционира со последните закони за Јавно Обвинителство. Ниту има потреба од пазар, ни па има некој потреба за да постигне некои цели преку ваквите разговори.

Медиуми: Дали е пазарење за криминал ова?

Не, апсолутно не е, според мене се работи за разговори, за обезбедување на функционален правен систем, којшто има за цел да воспостави зајакнато Јавно Обвинителство во Република Северна Македонија во чиишто рамки имаме намера да го вратиме СЈО со создадени капацитети од делот на обвинителството, Јавните обвинители, истражители, да продолжат и да и служат на државата и на граѓаните.

Медиуми: Дали може политичка партија да бира кој и се допаѓа а кој не?

Јас верувам дека не, заради тоа што институциите на системот се тие коишто бираат, за среќа во Јавното обвинителство тоа е Јавнообвинителски совет, не е ниту Парламентот, не е ниту Владата, и тука ја правиме дистинкцијата т.е. разграничување на независноста на правосудството, од делот на политиката како што е презентирана преку Парламентот или преку Владата.

Медиуми: Само Катица Јанева и тимот е проблемот или има и други проблеми во Законот?

Останувам на тоа што јас го кажав после лидерската средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ господинот Христијан Мицкоски. Впрочем, тој го кажа дека има проблем со Катица Јанева и со нејзиниот тим на јавни обвинители, до тука беше, до тука и јас коментирав, дали има тој проблеми со истражителите, со администрацијата тој треба да ви каже, јас немам проблем со никој од нив, ниту се сметам да бидам повикан дали имам или немам. Кој сум јас, кој е Мицкоски, кои сме сите? Ова е сериозна институција на Република Северна Македонија, и пред се се работи за нашиот државотворен аспект на поставување во формата на одлучување преку репрезенти од нашите политички партии а тоа се пратениците. Република Северна Македонија ќе ја биде и ќе биде добра држава, се надевам дека нема да троши и губи време сериозен јавнообвинителски систем мора да има, со помош на меѓународната зедница, на сите експерти ќе имаме прекрасен закон со сите укажувања од Венецијанската Комисија и сето она што е вредно за државата. Оттука и нашата одговорност како чинители во општеството треба да си ја понесеме. Јас верувам дека ова не се преговори, ова се разговори на работни групи помеѓу двете најголеми политички партии, а ние сме веќе претставени преку коалицијата во владата за да се убедиме сите дека личните предрасуди треба да се тргнат на страна и да го поддржиме тоа што е добро за граѓаните и за нашата земја.

Медиуми: Ваш коментар за пресудата на 27-ми април, дали мислите дека за некои од обвинетите се пресудени премногу високи казни како што обвинуваа?

Јас тоа што можам да искоментирам е дека се работи за судска пресуда, судската пресуда треба да се почитува. Ние политичарите не смееме многу што да коментираме тука во судските пресуди, посебно што и јас бев таргет на 27-ми април, не би сакал да навлегувам во суштината. За мене пред се како граѓанин но еве и како претседател на владата е важно никогаш повеќе да не се повтори. Ако казните и санкциите тоа го оствариле тогаш е постигната целта.

Медиуми: Имате информации дека за Груевски повторно ќе се прати допис до Унгарија затоа што ова е веќе друго дело?

Ние нема да престанеме да се бориме согласно правните можности кои ни стојат на располагање. Република Северна Македонија е меѓународно интегрирана земја, постапува по меѓународните правила и закони на дејствување и тие се на наша страна, ќе продолжиме правно да се бориме заради тоа што сите други политички алатки којшто ни стојат на располагање не би сакале да ги искористиме затоа што се работи за земја –пријател. Ние политичарите доаѓаме и заминуваме земјите наши се пријатели и треба да останат пријатели затоа исправниот систем е да ја водиме борбата до крај додека не ја добиеме правдата и законитоста на меѓународните правила да настапат во сила.

Медиуми: За социјалните закони?

За социјалните закони имам само информација од министерката, не сум се слушнал со службите од Парламентот, планирано е на 25-ти да има седница и да бидат ставени, тие се усогласени. Се надевам дека ќе поминат брзо, ако може да поминат и да бидат објавени до крајот на месецот, граѓаните ќе можат уште за март или почетокот на април да ја добијат зголемената социјална помош која е зголемена за 300 отсто, додатокот за трето дете и и државната социјална пензија која што се дава како социјален придонес сето ова е за доброто на државата. Парите во буџетот ги имаме, 2 милјарди и 200 илјади се оставени плус пари во споредба со минатата. Но. прво дали Парламентот ќе го изгласа во март месец за да може, меѓу 1-ви и 5-ти да се исплати, и второ е дали претседателот Иванов ќе го потпише. Така што ние нашето треба да го направиме, се надевам ако не се стигне сега, ќе се стигне почетокот на мај да се исплати за април.

Медиуми: Очекувате ли на заминување уште една амнестија?

Не верувам, нема потреба од таа работа, нема потреба, нема такви случаеви. Ниту некој планирал, ниту било што, делот на законот за амнестија се случи во рамките на помирувањето во еден сериозен процес кога на државата и требаше 2/3 мнозинство, јавно го кажав тоа и не бегам од тоа. Верувам дека Парламентот нема потреба повеќе да посегнува за вакви работи, заради тоа што овој случај беше јасно издефинициран кајшто се одделија сите којшто учествуваа во организцијата и насилството, од сите оние коишто беа заведени во таквиот случај. Согласно тоа не верувам дека никој во институциите на системот ниту министерството за правда да отвори вакви постапки а има надлежности, ниту претседателот Иванов. Не очекувам вакви работи заради тоа што самиот закон не ги дозволува можностите за амнестија на претседателот Иванов. Прочитајте го уште еднаш, апелрим до сите вас непостои законска можност во моментов претседателот на државата да амнестира.