(ВИДЕО) Прентовиќ: Ќе направиме контрола како земјоделското земјиште отишло во Владиниот секретаријат

0
1210

prentovik

Кога стана јасно дека ќе има преодна влада, а министерството за земјоделство ќе мора да биде еден од ресорите под контрола од злоупотреби, на 15 јуни направени се измени во Законот за земјоделско земјиште. Тоа е доказ дека распределбата на земјоделското земјиште ја злоупотребуваат за партиски цели, порача Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство при СДСМ.

– Стигна директно признание од кај Никола Груевски дека распределбата на државното земјиште ја злоупотребуваат за партиски цели. За тоа се доказ последните четири огласи. Огласите ги распиша Министерството за земјоделство. Но понудите, не се доставуваат до Министерството за земјоделство. Понудите од последните 4 огласи за распределба на државно земјоделско земјште се доставуваат до Генералниот секретаријат на Владата!

Станува збор за огласи по потпишаниот политички договор од 2 јуни / 15 јули. Тоа се огласите од 10 и 31 август и огласите од 1 и 3 септември 2015.

Кога стана јасно дека ќе има преодна влада, а министерството за земјоделство ќе мора да биде еден од ресорите под контрола од злоупотреби, на 15.06.2015 година направени се измени во Законот за земјоделско земјиште.

Со тие измени, водечката улога на министерството за земјоделство во распределбата на земјиштето е префрлена на Владата. Министерот распишува јавен оглас, по добиена согласност од Владата – рече Прентовиќ.