(ВИДЕО) Прентовиќ: Државата ќе го гарантира откуп на родот и цената ќе ви биде гарантирана!

0
1163

Изјава за медиуми на Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ

Ќе го гарантираме откупот на земјоделските производи. Ќе посредуваме во преговорите меѓу производителите и откупувачите. Најдоцна 30 дена пред почеток на откупот ќе ви биде договорена откупната цена.

Нема да стравувате како сега дали ќе го предадете родот или ќе ви скапе, и по која цена.

Знам дека црвената пиперка за ајвар во Ново Село и општо во струмичко деновиве се откупува по 10 денари. Тоа е двојно помалку од наводно договореното со посредство на министерот Цветков.

Тој по се што слушнавме изгледа е презафатен со договори, и со партнери како да не е свесен дека најголемиот партнер во земјоделството во Македонија се токму земјоделците.

Се мачите со цената и откупот на пиперката, како што во Кавадарци се мачат со грозјето.

Ние целосно ве поддржуваме, и затоа сметаме дека, Владата мора да интервенира да го решите проблемот во земјоделството.

Да знаете вашите проблеми завршуваат во декември.

По декември ќе имате гарантиран откуп од државата, со гарантирани цени и гарантирано плаќање. Ќе воведеме законски и банкарска гаранција за планираниот откуп. Ќе формираме и интервентен фонд  за помош во кризни состојби при пласманот кога производната цена на земјоделските призводи е помала од откупната.

Ова е само една од мерките земјоделците да можат да ја обезбедат без проблем својата егзистенција и егзистенцијата на нивните семејства.