(Видео) Прентовиќ: Власта да прогласи елементарна непогода поради утката со каналот во Стрежево

0
1297

Главен виновник за целата состојба е тоа Јавното претпријатие Стрежево, односно раководството на претпријатието, затоа што решението беше кај нив. Тие ниту ги исчистија на време каналите за поплавите, ниту пак сега може да го санираат проблемот којшто од февруари месец постои, а тоа е главниот канал во Стрежево којшто треба да се санира, порача во селото Егри денеска Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство при СДСМ.

Screenshot_6

– Земјоделците се најголемите губитници, тие имаат двојна загуба, по штетите зимата од неисчистените канали, но овде загуба ќе претрпат во скоро време и потрошувачите, односно граѓаните на целата држава, затоа што обемот на производството ќе се намали многу.

По она што ни го пренесоа земјоделците од терен, треба да се направат неколку работи, тоа и порачуваме власта да го превземе:

-Да ја прогласат сосатојбата за елементарна непогода и

-Да формираат брзо комисии на терен, во коишто 2/3 ќе бидат земјоделци кои се оштетени, затоа што тие најдобро ги знаат работите.

Раководството на Јавното претпријатие Стрежево мора да си поднесе оставка, бидејки тие дефинитивно ја носат најголемата одговорност и ги имаат направено најголемите грешки за оваа состојба во којашто се наоѓаат земјоделците – порача Прентовиќ.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=2Xn3WANJ5Oc[/youtube]