(ВИДЕО) Премиерот Заев: Првиот конгрес за патишта е шанса за размена на искуства и технологии за изградба на современа патна инфраструктура за да бидеме рамо до рамо со модерниот свет

0
814

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска се обрати и го прогласи за отворен Првиот македонски конгрес за патишта кој денеска и утре се одржува во Скопје.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека развиеноста и квалитетната патна инфраструктура се клучни фактори кои пресудно влијаат на економскиот развој и на компетитивноста на економијата на секоја земја, и дека секое искуство и знаење како до поквалитетни, безбедни и паметни патишта е добредојдено.

„Република Северна Македонија е земја во развој, и тој развој дефинитивно нема да биде можен без добра патна инфраструктура. Токму затоа, нашите политики имаат јасна цел, а тоа е создавање на квалитетна патна мрежа, подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани и на крај силен економски раст и развој на државата. Затоа поврзувањето преку добра, модерна и функционална патна инфраструктура е од исклучителна важност.

Во таа насока верувам дека Првиот македонски конгрес за патишта ќе остави длабока трага затоа што е место за презентација и размена на искуства и технологии за изградба на современа патна инфраструктура, за квалитетно проектирање, изведба и надзор. Радува масовниот одзив за учество и присуство на конгресот со што се гарантира значен придонес за да бидеме рамо до рамо со модерниот свет“, нагласи премиерот Заев.