(ВИДЕО) Премиерот Заев: Пратеничке од ВМРО ДПМНЕ, ајде да видиме дали е буџетот празен или е полн?!

0
2176

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на продолжението на собраниската седница за избор на новите министри и заменици министри истакна дека сите извештаи за нашата земја во последните три години велат за владеењето на правото дека е подобрено.

Претседателот на владата од собраниска говорница се обрати и до една пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ која тврдеше дека буџетот на Република Северна Македонија е празен откако СДСМ е на власт : Пратеничке од ВМРО ДПМНЕ, ајде да видиме дали е буџетот празен или е полн?! – запраша од Собраниска говорница премиерот и претседател на влада, Зоран Заев.