(ВИДЕО) Премиерот Заев од Струмица: И НАТО и ЕУ носат економија и прогрес со повисоки плати, повеќе странски директни инвестиции и нови работни места!

0
1101

Премиерот Заев од Струмица: И НАТО и ЕУ носат економија и прогрес со повисоки плати, повеќе странски директни инвестиции и нови работни места!

„Струмица е во Европа, ајде Македонија да ја внесеме во Европа!“ ги повика своите сограѓани струмичани Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на граѓанскиот собир којшто се одржа на преполниот плоштад во Струмица зборувајќи за европската симболика којашто го краси струмичкиот плоштад на кој пред 11 години се поставени знамиња на земјите од ЕУ, на кој дефилираат гости и маски од европски земји на познатиот Струмички карневал и кој ја шири космополитската пораката на Гоце Делчев дека светот е место за културен натпревар меѓу народите.

Премиерот Заев се обрати пред струмичани на струмички дијалект и порача дека македонскиот јазик кој е богат со дијалекти ќе биде признаен во целиот свет и со членството на земјата во ЕУ и НАТО ќе биде и официјален јазик на Европската Унија.