(ВИДЕО) Премиерот Заев од Брисел: На земјите членки на ЕУ им дадовме силни аргументи да донесат одлука за отворање на преговорите во јуни, тоа за Република Северна Македонија е примарна цел

0
1182

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска претседаваше со 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и Асоцијација, тело коешто во моментов претставува највисокото тело за одржување на формалните односи помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија.

По состанокот, премиерот Заев одржа заедничка прес-конференција со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и со комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Во продолжение Ви го пренесуваме целосниот текст од изјавата на Премиерот Заев.