(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ОДРЖА ГОВОР ПРЕД НОВИТЕ ДИПЛОМЦИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

0
1424

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се обрати пред дипломираните студенти на Меѓународниот балкански универзитет, изразувајќи огромно задоволство што се промовираат 250 студенти-дипломци на додипломски и после-дипломски студии и што ја имаше честа да и ја врачи дипломата на првенката на генерацијата, Несифе Шабан студентка по психологија со просек 9.87. Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Зоран Заев.

„Прекрасно е чувството да се биде овде, навистина денеска сме овде заради младите луѓе. Навистина ми причинува огромно задоволство да бидам дел од овој настан денеска, на кој промовираме 250 студенти-дипломци на додипломските и после-дипломските, односно, мастер студии на 7 факултети и 15 студиски програми на Меѓународниот балкански универзитет.