(ВИДЕО) Премиерот Заев и премиерот Борисов положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“

0
1116

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, по заедничката прес-конференција, придружени од страна на министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева, оддадоа почит и положија венци на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.