(ВИДЕО) Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во Пробиштип, во посета на словенечката фабрика „Таб Мак“: Оваа инвестиција е пример за идните инвеститори, како на најдобар начин да се користат придобивките од програмите за поддршка на Владата

0
1167

Премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, вчера, заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов ја посетија словенечката фабрика „Таб Мак“ за оловно-киселински акумулатори во Пробиштип, остварија средба со менаџментот и извршија увид во градежните работи на новиот производствен капацитет.

Премиерот Заев по обиколката на погоните, посочи дека „Таб Мак“ со 440 вработени во моментот и планирани 530 вработени до завршувањето на инвестицијата е меѓу најголемите работодавачи во земјата.