(ВИДЕО) Премиерот Заев и амбасадорот Рикер: Партнерството на РСМ и САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата и за стабилноста на регионот

0
1253

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, кој како политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на Соединетите Американски Држави, учествуваше на регионалната конференција „Балкан 360“, која со поддршка на германско-американскиот Маршалов Фонд се одржа во Скопје.

Премиерот Заев, посакувајќи му добредојде на амбасадорот Рикер, му честиташе на новата должност, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, истакна дека за време на неговиот мандат на новата функција Република Северна Македонија и САД ќе го потврдат стратешкото партнерство и ќе останат фокусирани на заедничката соработка и на безбедноста, на слободниот и непречен развој на регионот.