(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ГЛАВНА ЗВЕЗДА НА САМИТОТ ВО ,,ДАВОС”

0
2315

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и од министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на агендата за време на неговото учество на владината делегација на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, денеска оствари средби со комесарот за проширување на ЕУ и за соседска политика во Европската Комисија Јоханес Хан, и со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На средбата со еврокомесарот Хан беше констатирано дека спроведувањето на историскиот Договор од Преспа се одвива според планираното, и дека сега е време сиот напор на политичките процеси во Република Македонија да се фокусира на нагласена имплементација на реформите, за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ.

Во разговорот со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг уште еднаш беа афирмирани пораките за поддршка и охрабрување што и понатаму стигаат од НАТО, да се финишира спроведувањето на Договорот од Преспа, како и очекувањето на почетокот на ратификацијата на протоколот за членство.

Премиерот Зоран Заев потенцираше дека нашата земја е целосно подготвена за тој значаен чин, како еден од двата врвни приоритети на Република Македонија на меѓународен план во 2019 година.