(ВИДЕО) ПРВИОТ ЧОВЕК НА НАТО, ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ ЈА ПРЕЧЕКА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА СО ЗБОРОВИТЕ : ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НАТО!!!

0
1867

Говорот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев, 1ТВ ви го пренесува во целост:

– Премиере Заев, драг пријателе Зоран,

Добредојдовте во штабот на НАТО, добредојдовте во НАТО.

Голема чест и задоволство ми е да ве пречекам овде денеска.

Штотуку имавме одлична средба.

Разговаравме за неодамнешното решение за проблемот со името.

Срдечно го поздравувам договорот. Тоа е големо достигнување, и за Скопје и за Атина, како и приказ на вредностите на трпеливата дипломатија.

Би сакал и да ве пофалам за вашето лично лидерство и храброста и за тоа што овозможивте да се постигне овој договор.

Тоа е битно за сите нас и навистина ви честитам.

Спорот за името предолго фрлаше сенка врз регионот. Ги попречуваше напредокот и безбедноста. Но сега има можност за посветла иднина.

Договорот дава пример и за другите во регионот како да ги зацврснат мирот и стабилноста. Повторно, ви честитам и вам и на премиерот Ципрас за лидерството, храброста и посветеноста што ја покажавте за да го постигнете договорот.

На Самитот за две недели, очекувам дека шефовите на држави и влади од Алијансата ќе ве поканат да ги почнете пристапните преговори.

И кога ќе бидат исполнети сите национални процедури за финализирање на договорот, ќе му се приклучите на НАТО.

Без финализирање на договорот, вашата земја нема да може да му се приклучи на НАТО во догледна иднина. Ова е историска можност што не се пропушта.

Вратата на НАТО е отворена, а вие сега сте на прагот. Веќе покажавте посветеност за меѓународниот мир и безбедноста, соработувајќи со НАТО, како на пример со вашиот придонес кон нашето присуство во Авганистан. И придонесувате за стабилноста на Западен Балкан.

НАТО ја споделува таа посветеност кон безбедноста и стабилноста во регионот. Тоа е важно не само за Западен Балкан, туку за цела Европа.

Затоа, премиере, сакаме да ве видиме вас и вашата земја во срцето на стабилен, демократски и напреден регион. И ќе ве поддржиме.

Се радувам на соработката со вас и сакам да ви посакам добредојде на НАТО Самитот во јули.

Уште еднаш, добредојдовте во НАТО.

Извор : 1ТВ