(ВИДЕО) Почнаа преговорите на СДСМ со ДУИ за формирање на Влада!

0
1566

Претставници на СДСМ и ДУИ ги почнаа преговорите за формирање на нова Влада, јави телевизија 21.

Од СДСМ претставници се заменик-претседателката Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а од ДУИ Изет Меџити, Теута Арифи и Невзат Бејта.

Преговорите не се одржуваат во ниту едно од седиштата, туку на неутрален терен, во хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје.