(ВИДЕО) ТРОГАТЕЛНА СТОРИЈА НА НОВА – Сиромаштија невидлива за системот: Со бебе смрзнуваат и гладуваат

0
1108

Во малата куќичка на Симона и Јовица Трајковски во скопски Петровец веќе година и седум месеци нема струја. Се насобрал долг од 360 000 денари кои тие не можат да ги отплатат, па ЕВН има ја прекинала струјата. Дома се тројца. Студот го чувстувавме силно оти малото оганче не изгледа доволно. А,во креветот заспан не дочека третиот член – тримесечното бебе Јоаким.  Светлото од нашата камера е првото светло кое Јоаким го виде оти без струја се откако е роден.

„Многу ми е тешко“, низ солзи вели Симона Трајковска.

Јоаким е предвреме родено бебе. Бебе за кое се немаат пари ниту за млеко.

“ Кога донесовме од болница изгуби во тежина, немаме пари ниту за млеко. Одам се молам по соседите за да ми дозволат во нивната машина за перење да ги исперам алиштата барем за него. Немаме ниту шпорет, јадеме што ќе стигнемее“раскажува Симона.

Јовица бил професионален војник. Се борел и во 2001 година. Во битка го загубил слухот, но лекарската комисија не му дала инвалидска пензија. А без слух не е подобен за речиси ниедна работа, работа кој непрестајно ја бара.

Сторијата и видеото на Нова во целост ОВДЕ