(Видео) Потег кој ја воодушеви јавноста: Јасминка Аневска го „тресна“ црвениот телефон во вестите на Телма

0
1250

asminka an

Воодушевување на социјалните мрежи вечерва предизвика потегот на новинарката и воделка на вестите на Телма телевизија, Јасминка Аневска, која покрај себе имаше црвен телефон за време на вестите во 18:30 часот.

Во еден момент телефонот заѕвони, а таа ја подигна слушалката и ја спушти силно и продолжи со читањето на вестите.

На ваков оригинален начин, Аневска протестираше затоа што вчера, од нејзиниот прилог, беа исфрлени нејзините провокативни прашања кои му ги упати на премиерот Никола Груевски.

Црвениот телефон, според некои коментари, значи нарачка на прашања.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=k1j__Izgl7c[/youtube]

Ова се прашањата кои Аневска му ги постави на премиерот Никола Груевски:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=TyrOW-49cO4[/youtube]