(ВИДЕО) ПОРАДИ ОВА НАРОДОТ НИКОГАШ НЕМА ДА ВИ ПРОСТИ,ЛУДАЦИ ЕДНИ, ЛИЦЕМЕРИ ЕДНИ КЛЕПТОМАНСКИ : За ваков багер сонуваат сите жители од поплавеното подрачје, но тој е ангажиран на изградба на Панорамското тркало

0
1499

За ваков багер сигурно сонуваат сите жители од поплавеното подрачје, во чии подруми, домови или дворови сеуште има кал, тиња, земја, камења, отпадоци и водени наноси кои без механизација не може да се отстранат.

Но овој багер не се упати ниту кон Стајковци ниту кон Страчинци – тој е ангажиран во изградбата на Панорамското тркало среде Вардар, пренесува Телма.

Продоложува и поставувањето споменици на скопскиот плоштад. Последен се исправи споменикот на Неџат Аголи, првиот министер за здравство во Владата од 1945-та.

Ова не личи на организирана држава, реагира академик Владо Камбовски преку порталот „Сакам да кажам“. Го повика Трајко Вељаноски итно да го свика Собранието да расправа за катастрофалните поплави кои однесоа 22 жртви.

-Треба да се донесе закон за забрана на сите нестопански инвестиции, освен оние кои се важни за безбедноста на државата и се да се пренасочи кон потребите на илјадници граѓани кои претрпеа страотна материјална штета, ги изгубија најблискитеили своите домови. Еве шанса Собранието да смогне сили да стави крај на нерационалните трошења на Владата.

Пратениците се на годишен одмор, но од кабинетот на Вељаноски изразуваат подготвеност доколку има иницијатива, Собранието веднаш да се состане.

-Собранието стои на располагање во секој момент да свика седница и да ја разгледа и прифати секоја иницијатива која треба да придонесе за поефикасно справување и надминување на последиците од поплавите во погодените подрачја.

Архитектот Вангел Божиновски вели дека го разбира гневот на академик Камбовски, но самиот не сака да дели совети бидејќи верува дека институциите си ја знаат работата.

Во моментот, и во зградата на Собранието се изведуваат градежни активности. Божиновски и неговиот тим работат на третата купола.

ВИДЕО прилогот може да го погледнете ОВДЕ